Која рака боли пред срцев удар? – Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Срцевиот удар настанува поради блокада на дотокот на крв во срцето и може да има смртна последица, пишува Убава и среќна.

Брзата лекарска помош може да спречи смрт поради инфаркт и затоа треба да се знаат симптомите пред удар.

Меѓу нив се мачнина, потење, па дури и напад на кашлица, но посебно треба да се обрати внимание на болката која се шири низ рацете.

Во која рака се јавува болка кај инфарктот? Најчесто тоа е левата рака, но лекарите велат дека ни болката во десната рака не треба да се игнорира. Исто така, болката која се шири низ вратот и долната вилица се симптом за предупредување.