Колегите прв пат открија детали за Јелена Марјановиќ

Пред скоро две години трагично почина Јелена Марјановиќ, а по нејзиниот убиец се уште се трага.

„Нека коментираат тие кои треба да работат. Има подигнато обвинение ќе видиме како ќе заврши. Во секој случај сите очекуваме правда“, рекол Саша Поповиќ со солзи во очите.

Мирза Селимовиќ не сака никого да обвинува пред време, но смета дека сторителот треба да биде адекватно казнет.

„Мислам дека секој, за било што да се работи, треба да одговара за своите дела и не-дела. Поготово убијците, силувачите, педофилите, тоа ми е нешто најужасно што постои и мислам дека треба да се внесе доживотен затвор за тие лица“, вели тој.

Пејачот Саша Матиќ прв пат проговори за оваа несреќа.

„Ниту еден случај не е како овој, не дај Боже на никого. Тоа е страшно, толкава трагедија да немам зборови едноставно“, истакна Матиќ и откри дека тие двајца имале нешто заедничко.

„Таа се појави во исто време како и јас. Се сеќавам бевме кај Мичо Минимакс во една емисија во 2002 година. Требаше да одиме до амбасадата ние двајца и Зоран, за да се направи виза за да пееме заедно, тоа никогаш не се случи, а јас од тогаш не сум слушнал ништо за неа“, додал тој.

„Ја запознав кога доаѓав кај Зоран Марјановиќ да ја пеам песната „Роденден“ која ја снимав во 2012 година. Таму беше и Јелена со бебето, нешто пред тоа се породи. Го прашував кој го пеел демото на песната бидејќи беше стварно добро, а тој кажа дека неговата жена била тоа. Тогаш ја запознав и ми делуваа како многу добра и среќна фамилија. Неа веќе ја неа и не треба сега за тоа да зборуваме, барем ние, нека секој ја работи својата работа“, посочи Мирјана Алексиќ.

Јелена добро ја познавал и хармоникашот Енџи Мавриќ.

„Јелена Марјановиќ ја познавам уште од како доаѓаше со нејзиниот сега веќе починат татко кој беше многу фин човек. Многу вложуваше во неа и нејзината кариера. Се сеќавам кога дојдоа прв пат, даваше впечаток на многу вредна личност, подоцна се испостави дека е голем талент и сите знаевме дека од неа може да стане добар пејач“, изјави Енџи.

Миле Китиќ е шокиран со трагедијата на својата колешка, а поготово со тоа како е претставено во медиумите.

„Требаше да се објави дека е убиена, а не секој ден да пумпаат, мала Јана и тоа. Малку ми е тоа… Вистина дека е голема трагедија, но ќе се дознае кој го направил тоа, ќе одговара и тоа е тоа.“, истакнал Китиќ во емисијата Ексклузив.

Извор: Курир.рс