Летна компилација од хитови совршени за зајдисонце и разгалување на музичките сетила

Дел нови, дел стари, сите популарни македонски поп хитови, сместени во една летна регетон компилација ( Mesh Up ), нешто што е свески тренд, звучи одлично и ги разгалува сите музички сетила.

Ви го преставуваме најновиот креаивен музички проект на кој летово работеа момците од „Хепи Енд“.
„Ова лето ќе се памти“ и „Јако јако“ на Лозано, „Најмила“ од Либеро, „1003“ од Тамара , „Ноќна Кралица“ на Ерзана, „Марадона“ од Слаткар и Таско, се само дел од песните сместени во оваа летна компилација која веќе собира само позитивни коментари од публиката.

Сето ова беше промовирано заедно со видео кое само ја надополнува целата летна магија на проектот.