Летно освежување од „Хепи енд“, момците имаат вистински хит!

По минатогодишниот успех на „Кога би била моја“, момците на еден од најпопуларните машки бендови кај нас „Хепи енд“, ја промовираа својата нова авторска песна насловена „Лажев“.

„Лажев“ е комплетно дело на браќата Иван и Јован Јованови, кои ги направија музиката и аранжманот. Спотот за песната е снимен на повеќе локации.

– Создавањето на авторски песни ни беше приоритет уште при самото формирање на бендот. Нашата идеја е со квалитетна македонска музика да се наметнеме на публиката, а токму втората песна веруваме дека ќе биде препознаеме како добар пакет и ќе го повтори успехот на нашето првенче, велат од бендот.

Момците од бендот за претстојниот период најавуваат и нови музички проекти.