Лизгаво е? – Еве како да не паднете

Кога надвор е лизгаво, како овие денови, на пола од нас ќе им „излетаат“ нозете и ќе се најдеме на земја, при што можеме и да се повредиме. Еве како тоа да го избегнете:

Паѓањето и повредите на снегот и мразот се чест проблем, но постојат неколку мерки на внимателност кои можете да ги преземете се со цел да го смалите ризикот од паѓање.

– Облечете прикладни чевли

Рамните чевли со гумен ѓон кој има длабоки „шари“ ќе ги намали шансите да се лизнете. Чевлите со кожен ѓон или висока пета никако не се добри кога надвор има снег и кога е замрзнато.

– Придржувајте се

Кога ќе наидете на дел од патот каде целосно е замрзнат, погледнете дали имате нешто од страна каде би можеле да се задржите.

– Избегнувајте да носите премногу работи

Да речеме кеси од продавница, посебно кога треба да се качите или симнете по скали. Кога имате многу кеси во рацете, не можете убаво да го видите патот пред себе.

Нека ви бидат и двете раце слободни, поради баланс и никако не ги држете во џеб, колку и да е ладно. Ако паднете, а рацете ви се во џеб, никако нема да можете да го ублажите падот со рацете.

Бидете посебно внимателни кога влегувате и излегувате од возилото и придржувајте се на возилото се додека не бидете стабилни и цврсти.

Кога влегувате во куќа или зграда, избришете ги нозете за да го истресете снегот од облеката. Ако снегот се задржи на ѓонот, големи се шансите да се лизнете кога ќе влезете. Исто така, со тоа нема да оставате снег зад себе, а и ќе ги намалите шансите некој друг да се лизне.