Луда теорија на завера како основа во новата колекција на Moschino

Најновата колекција на Џереми Скот за Moschino претставена е на недела на модата во Милано. Во самиот старт го привлече вниманието со експлозивните бои, но и со приказната која му послужила како инспирација на американскиот креатор.

Самата идеа за колекција есен-зима била јасна – Џеки Кенеди од 21 век, но, тоа е само површинскиот слој од приказната.

Својата инспирација тој ја пронашол во една од прочуените легенди за однос во љубовен триаголник: Џеки Кенеди, Џон Ф. Кенеди и Мерлин Монро.

По таа приказна тогашниот американски претседател и кажал на Мерлин дека вонземјанците навистина постојат, откривајќи и одредени доверливи информации, кои таа планирала да им ги открие на медиумите, па поради тоа после една година е и убиена.

Меѓутоа, креативниот директор на Moschina познат по својата несекојдневна бујна фантазија, оваа приказна ја претворил во „нешто поинаква“ теорија на завера, а тоа е: Џеки Кенеди всушност била вонземјанец, па поради тоа и нејзиниот маж бил сигурен во информацијата која ја поделил со својата љубовница, како и дека таа е виновна за нивната смрт.

Тоа е причината поради која некои од моделите биле обоени во нијанси на зелено, сино и жолто.