Мега популарниот Таско влезе во семејството на Промоиталиа

Единствениот и комплетен центар против стареење во Македонија под брендот на Промоиталиа продолжува да ја изненадува јавноста со нови бренд амбасадори.

Имено, миленикот на младата урбана популација во Македонија, Христијан Тасковски – Таско денеска стана најновиот член на големото семество на Anti Aging Center by Promoitalia.

  • Како музичар кој изврши големо влијание кај македонската публика особено е важно да одржува здрав животен стил и да се грижи за својот изглед давајќи пример за останатиот дел од машката популација.  Грижата за својот изглед и здравје е подеднакво важна без разлика на полот и возраста, а преку соработката со Таско ќе имате можност да го забележите тоа, соопштија од Центарот.

Како потсетување, атрактивната задругарка Елеонора Миљковиќ пред само неколку дена ја објави соработката со Промоиталиа.