Милион долари ако ја тргнеш тетоважата (ФОТО)

Познатата пејачка Аријана Гранде неодамна ги израдува своите следбеници со песната „7 rings“.

Песната е посветена на нејзините пријателки затоа што еднаш ги однела во златара и на секоја од нив им купила веренички прстен.

Во таа чест, Аријана на својата рака го истетовирала, на јапонски јазик, името на песната, но набрзо следбениците и порачале дека нејзината тетоважа всушност значи „јапонска скара“.

 

Пејачката која моментално е најбарана на светот во меѓувреме пронашла нов мајстор и ја поправила тетоважата, но повторно е згрешена. Овој пат пишува „Јапонска скара прст“.

„Драмата“ околу нејзината погрешна тетоважа трае околу една недела, а сега и една дерматолошка клиника се понудила да и даде милион долари доколку кај нив ја отстрани тетоважата.

Тие за возврат бараат само на социјалните мрежи да објави дека токму тие и помогнале да се реши од непосакуваната тетоважа.