Наши фаци

Мите Стоилков промовираше нова песна

Момчето кое 2015/16 година беше победник на регионалното шоу за таленти „Ѕвездите на Пинк“ и со неговиот глас, харизма и скромност ја освои публиката низ целиот Балкан, вчера, пред полна сала гости, музичари, новинари, пријатели, семејство, го промовираше својот нов проект, песна и спот „Оди си“.

На песната работеше самиот Мите, односно музиката и аранжманот се негови, додека текстот е на Огнен Неделковски. Спотот го режираше Даниел Јовески, додека во студиото на Љупчо Соколовски беше снимено аудиото.

– Навистина сум задоволен и пресреќен како излезе целиот проект, а и реакциите на гостите кои први го погледнаа спотот и ја слушнаа песната, ми дадоа уште еден мотив повеќе да го убрзам процесот на работа и на мојот албум, вели Стоилков.

Најнови информации

To Top