МОЛИТВА ЗА МАГДАЛЕНА: Безвременскиот хит во маестрална изведба на Ангел Јовевски и Орце Трајанов

Безвременскиот хит „Молитва за Магдалена“ од Оливер Драгојевиќ го инспирираше нашиот талентиран пејач Ангел Јовевски после година дена повторно да се врати на сцената и заедно со својот колега Орце Трајанов да направи преработка на неа и да го одбележи месецот на жената.

– Направивме пауза од една година и сакавме да објавиме нешто со кое ќе ја изненадиме помладата, но и повозрасната публика, односно да допреме до сите. Сметавме дека големиот хит на Оливер го знаат сите и се одлучивме токму за него да снимиме преработка која ја заокруживме со емотивно видео. Премногу сме задоволни и се надевам дека публиката ќе го препознае нашиот труд, вели Ангел Јовевски.

Јовевски јавноста го запозна преку најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде настапуваше две сезони, а во последната негов ментор беше извонредната Марија Шерифовиќ која не штедеше на пофалби за својот кандидат.

Во продолжение уживајте со безвременскиот хит „Молитва за Магдалена“ во изведба на Ангел Јовевски и Орце Трајанов – тандемот за добра забава.