Направете добро дело и помогнете им на најмалите!

Компанијата “Вартиник” во соработка со “ВЈ Консалтинг” пред отворањето на првиот изложбен салон, се одлучи да направи хуманитарен гест и да донира средства кои ќе бидат наменети за деца болни од канцер и леукемија при “ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести” – Скопје.

Со секоја направена нарачка во време траење на настанот добивате шанса да направите добро дело кое за вас можеби ќе чини малку меѓутоа за некого ќе значи многу. 

Ракот кај децата задава страшен удар кој ги погодува сите во семејството, без исклучок. Затоа со средствата кои што ќе успеат да ги обезбедат ќе се потрудат да креираат подобри услови за лекување и секако да им ги исполнат желбите на дечињата кои се борат да ја победат болеста на секој начин. 

Отворањето е на 08.02.2020 година со почеток од 12:00 часот на ул. „Трета Македонска Бригада“ број 22 (спроти СУГС „Димитар Влахов“)

*Изложбата ќе биде проследена со коктел забава и многу подароци.

Контакт телефон: +38970820212