Направете домашен сируп против кашлица

Зима е годишна доба кога често кашламе, но за среќа, не морате секогаш да се послужувате со лекови – сирупот кој ќе ви помогне во кашлицата можете да си го направите и дома.

Потребно ви е:

– 2 лимона

– 200гр. Шекер

– 2 лажички жалфија

– 2 лажички корен од бел слез

– 2 лажички ленено семе

– 2 мали парчиња ананас

Прво добро измијте го и исецкајте го лимонот на коцки, па додајте ги останатите состојки и сето тоа ставете го во два децилитри вода, па варете го 20 минути. Потоа исцедете – најдобро низ газа, но можете и низ цедалка. Ќе добиете мала тегла сируп.

Пијте го сирупот 2-3 пати дневно и кашлицата постепено ќе се смирува.