Направете неодолива домашна чоколада со само 3 состојки

За оваа чоколада потребно е помалку од пола час, а рецептот е едноставен, па затоа нема да имате проблем.

Состојки:

– 2 лажички кокосово масло

– 2 лажички какао

– пола лажичка мед

Припрема:

Малку стоплете го кокосовото масло, но внимавајте тоа да не биде стопено цело бидејќи нема добро да се измеша со какаото. Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте додека не се сединат. Ставете ги на плех на кој има масна хартија, а потоа во фрижидер на 20 минути да се стврднат.

Напомена:

Ако се одлучите да додадете уште нешто, пример сецнаки лешници, ставете ги во смесата откако ќе се соедини.