Наскоро нова песна од „Либеро бенд“

Нов музички проект со неколку песни и спотови, поврзани на начин кој засега останува изненадување, најавуваат момците од Либеро бенд за претстојниот период.

Новитетот стартува со промоција на првата, од низата песни, насловена „1000“, певлива летна песна со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.

Промоцијата на новата песна очекувајте ја неколку дена на нивниот официјален канал на „YouTube“, како и на профилите на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“.