Наташа Гулевска е најдобриот работник за 2018 година на „Промоиталиа“

Единствениот комплетен центар против стареење под брендот на „Промоиталиа“ во Македонија и додели сертификат за најдобар работник за 2018 година на Наташа Гулевска.

– Зад нас е уште една успешна година исполнета со многу задоволни клиенти кои ни даваат поттик и понатаму да продолжиме да се усовршуваме и нудиме врвен квалитет во нашите услуги. Нашиот успех е резултат од работењето на целиот тим, а за значајниот придонес и успешното извршување на своите работни задачи, покажувајќи иницијатива, лојалност, амбициозност, трудољубивост и способност за тимска работа, Anti Aging by Promoitalia и доделува признание за „Најдобар работник за 2018 година!“ на Наташа Гулевска!, соопштија од центарот.

Во 2018 година голем број на клиенти одлучија да направат „слатко носе“, да ги зголемат усните или да направат некоја друга корекција на својот изглед, а својата доверба без двоумење и ја даваат токму на Наташа и овој центар.