Науката потврди: Подобро е да се родиш богат отколку паметен

Револуцијата која во последниве години се случуваше во геномиката се повеќе овозможува важни исгражувања во економијата, а една нова голема студија го покажала она за кое сите се сомневавме – за успех во образованието важно е да се родите богати, а не со големи таленти.

Резултатите кои неодамна ги објави „National Bureau of Economic Researsh“ покажале дека генетските предиспозиции за таленти подеднакво се распоредени меѓу децата на богати и сиромашни семејства.

Но тоа не вреди за нивниот академски успех – најмалку надарените деца од семејство со високи примања ги завршуваат факултетите со повисоки оцени отколку најнадарените деца на родители со пониски примања.