Не ги фрлајте лушпите од јајцата: Ова се 6 фантастични начини за да ги искористите дома или во градината

Лушпата од јајцето содржи 90% калциум и поради тоа е најдобар природен извор на минерали.

Поради тие квалитети лушпите од јајцето се идеални за исхрана на земјиште – со додавање на нив во дното се смалува неговата киселост, а билката брзо ќе порасне, коренот брзо ќе им се развие.

Искршените или сомелените лушпи од јајцата можете да ги прелеете со природен јаболков оцет и да ги оставите да стојат околу три недели, за да се постигне подобар ефект. А можете и веднаш да ги користите.

  1. Можете да ги додадете лушпите од јајца во компост за градината. Тие брзо ќе се разградат, а бидејќи се богати со калциум и минерали ќе им помогнат на микроорганизмите за подобро компостирање и ќе ги збогатат.
  2. Со помош на овој трик можете да се решите и од штетниците како полжави и гасеници. Потребно е само сомелените лушпи да ги ставите околу билките во градината. Ако на нив додадете и малку пепел, ефектот ќе биде подобар.
  3. Направете природно ѓубриво за вашето собно цвеќе во комбинација од остаток од кафе. Лушпите од јајцата потопете ги во вода и оставете ги преку ноќ. Наутро додадете кафе во однос 1:4 и со тоа полијте ја билката.
  4. Сецканите лушпи од јајца додадете ги во храната за кокошки. Тие ќе бидат снабдени со калциум бидејќи тоа е во прв ред неопходно за формирање на коските и лушпите од јајцата, но има и други функции од кој најважни се: пренесувањето на масти преку крвотокот во жолчката, згустување на крвта и затегнување на мускулите.
  5. Лушпите можат да послужат и како храна за птици, посебно во зимскиот период кога им е намален изборот на храна. Лушпите прво мора да се стерилизираат (испечете ги во рерна 20 минути на 180 степени), а потоа здробете ги и ставете им ги на птиците во куќичката.
  6. Доколку вашето милениче, особено кучето, има чести проливи, сомелете лушпи од јајца во прав и додадете ги во храната. Можете да направите поголема количина, но држете ги во фрижидер и по потреба давајте им на милениците.