Никола Станишиќ ја изненади јавноста – започнува соло кариера

Талентираниот пејач кој со својот одличен вокал ја освојува регионалната публика преку најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ на своите пријатели и обожаватели им соопшти дека ќе продолжи самостојно да ја гради својата кариера.

Во својата изјава пејачот вели дека повеќе не е дел од музичкиот состав „Премиер Бенд“.

На неговата адреса пристигнале голем број на пораки за поддршка од голем број музичари од целиот регион, но и од продукцијата „Гранд“ која му ветува блескава кариера доколку успее да стигне до самото финале на шоуто.