Нова колекција од 11 уникатни производи наменети за совршена кожа

„Anti Aging Center by Promoitalia“ повторно не изненади со колекција од 11 уникатни производи – Pro Peel методологија.

Pro Peel методологијата е креирана да помогне во третирање на мимичните брчки и хиперпигментација, но и да ја зголеми компакноста на кожата.

Хемискиот пилинг Pro Peel претставува медицински третман кој е ефикасен за освежување на кожата, за измазнување на плитки брчки околу очите и околу усните, отстранување на хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце.

Тој може да биде површински, средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користат, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој се употребува.

Хемискиот пилинг се изведува од страна на обучен специјалист дерматолог со нанесување на хемиска супстанца на кожата која што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки, а стимулира и создавање на нов колаген.

Вашиот термин може да го закажете на телефонскиот број 071 477 774.