Нова опција на Инстаграм преку која можеме да им помогнеме на малите бизниси

Иако се попуштаат мерките за заштита од коронавирус, белегот кој пандемијата го остави на економијата во целиот свет ќе потрае уште долго време.

Бројни работни места се привремено или трајно затворени, многумина останаа без работа, а на голем број луѓе им се намалени платите.

Социјалната мрежа Инстаграм од почетокот на пандемијата го следи развојот на ситуацијата, а овие денови и воведе нова опција Support Small.

Оваа опција може да ја вклучите меѓу налепниците во Stories, и ви овозможува да промовирате мали производители, без разлика дали тоа се одгледувачи на овошје и зеленчук, ресторани, кафулиња, дизајнери и слично.

Исто така, можете да ги видите и малите бизниси коишто ги промовираат вашите пријатели на Инстаграм на почетниот екран, меѓу иконите за Stories.

Целта на оваа опција е да им овозможи на малите бизниси да достигнат повеќе клиенти и да останат поврзани со клиентите. Кога некој ќе ги означи преку оваа опција, тие можат да го споделат истото во своите приказни.