Нови детали за состојбата на Дарко Лазиќ: Неговиот автомобил се движел неверојатно брзо

Српскиот фолк-пејач Дареко Лазиќ, кој претрпе тешки повреди во страшна сообраќајна несреќа на автопат во Србија, и понатаму е во тешка состојба, објавија српските медиуми.

Од ТВ Прва неофицијално дознаваат дека пејачот ќе биде префрлен на врвната медицинска, образовна и научноистражувачка институција Военомедицинска академија. Од извори блиски до пејачот и од лекарските кругови, Лазиќ возел поддејство на супстанци и немал врзано безбедносен појас на себе.

Лекарите, после несреќата, успеале да ги стабилизраат сите витални функции на пејачот и да ја наместат повредената бутна коска. Сепак, медицинските лица не се осудуваат да дадат каква било прогноза заради повреди на белите дробови.

Според информациите во српските медиуми, на Дарко Лазиќ претходно му била одземена возачката дозвола заради прекршоци, па пејачот кога ја доживеал сообраќајната несреќа, возел без потребните документи.

Лазиќ доживеал несреќа во која автомобилот што го управувал излетал од патот и завршил на кров, целосно уништен. Има информации и според кои во моментот додека возел бил во алкохолизирана состојба.

Лазиќ пред да влезе во автомобилот бил на забава кај негови пријатели.

– Сообраќајката се случи рано наутро. Претходно, Дарко консумираше алкохол во неверојатни количини, во алкохолизирана состојба седна зад воланот и заврши како што заврши – изјавил негов близок пријател за српските медиуми, кој сакал да остане анонимен за „Еспресо.рс“.

Страшна несреќа

– Само да бидеш добро, дете мое, рекла низ солзи мајката на 27-годишниот Дарко, Бранка Лазиќ, кога дознала дека нејзиниот син со возило „бмв“ доживеал несреќа, пренесе српски „Курир“.

Страшната несреќа се случила во 8.30 часот на патот кај местото Брестач. На два километри од влезот во Брестач, автомобилот на Лазиќ излетал до патот.

– Се претпоставува дека Дарко Лазиќ, најпрво скршнал од патот и го повлекол воланот нагло кон лево, па излетал на другата страна во нивата. Кога со тркалата ја допрел ораницата, автомобилот се превртел на покрив. Тој се движел со голема брзина, најмалку 150 километри на час – изјавил добро упатен извор за српски „Курир“ и додал дека прво пристигнала полицијата, а набрзо и итната помош.

Автомобилот бил толку уништен што не можеле да го извадат на вратата од кај возачот, па пејачот бил извлечен преку местото на совозачот. Лазиќ итно бил префрлен во земунската болница, на интензивна нега. Заради бројните повреди, тој е во кома, се уште во критична, но во постабилна состојба.

Дарко Лазиќ со пејачката Ана Севиќ ја имаат 4-годишната Лорена.