Новинар се вклучи во најгледаната емисија во САД само по кошула и сако

Работата од дома во тек на пандемија донесе бројни предизвици, па репортерот на една од најгледаните американски емисии заборави да облече пантолони.

Вил Рив е репортерот од телевизијата ABC кој се вклучи во утринската програма „Good Morning America“ носејќи само кошула и сако.

На почетокот од вклучувањето во долниот екран одеше напис со неговоро име, но кога се тргна можеше да се забележи дека новинарот нема воопшто пантолони.

Тој, како вистински професионалец, продолжил да разговара за тоа како аптеките користат дронови со цел да однесат лекови до постарите сограѓани.