НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Музичката група „Театро Бенд“ во првите денови од месец декември одлучи да ја пушти во етер својата нова авторска песна која го носи насловот „За тебе“.

Зад песната како автор на музиката и текстот се потпишува Виктор Постолов (вокал во бендот), додека аранжманот и мастерот се на Маријан Стоименов – Sика (гитарист во бендот).

За песната „За тебе“ снимен е и видеозапис на неколку прекрасни локации во режија на Кристиан Ѓоргиев, а во улога на модел и во ова видео се појавува Леа Ристиќ. Проектот е подржан од Европа 92, Clarissa Balkan, хотел и ресторан Амор.

Момците од бендот „Театро Бенд“ имаат настапи ширум нашата земја, новата година веќе им е резервирана за настап во елитниот ресторан Амор во Кочани.