Актуелно

Објавена национална потерница за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за поранешниот премиер и екс лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“.

„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело ‘примање награда за противзаконито влијание’ од чл. 359 ст.2 од КЗ“.

Засега нема информации каде е Груевски, ниту дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом имаат конкретни сознанија по потерницата.

Најнови информации

To Top