Од А до Ш со Антонио Стојановски -Тонито

2 Бона газат се пред себе. Вадат хит секој месец, имат гледаност на You Tube на која можат да им подзавидат и попознати пејачи од македонската естрада, а публиката просто ги обожава. Другата половина на 2 Бона, Антонио Стојановски , одблиску:

Aмбиција. Колку е пресудна амбицијата за толкав успех, знаејќи колку е макотрпен патот до успех на нашите простори?

  • Амбицијата е секогаш главна причина за успехот ако се софпаѓа со твоите способности.

Боја. Низ која боја Тонито го гледа светот?

  • Какви ти се мислите таков ти е животот. Пробувам да гледам розево.

Вистина. Секогаш или дозволено е да “подлажнуваме” по малку?

  • Тоа второто хаха !

Гордост. Да или не?

  • Да (али треба да знаеш каде,кога,зошто и како )

Добрината постои ли уште во луѓето?

  • Да

Ѓаволот е посилен само ако…

  • Си слаб карактер !

Енергија. Каква енергија добиваш од фановите и луѓето околу себе? Со какви луѓе си опкружен?

  • Имаме најјаки фанови на цел свет, енергијата е незаменлива. А луѓето околу мене ја си ги одбрав и да ви кажам добро сум бирал,не сум згрешил .

Животот е….

  • убав ако знаеш да го живееш, мислам дека не може цел живот да бидеме среќни, може да имаме само среќни денови!

Заедно сме…

  • МАШИНИ !!!

Ѕвездите за тебе се…

  • небесни тела !

Идеjа. Како се раѓа идеа за нов проект и колкав е патот до негова реализација?

  • Идеjа за нов проект се раѓа спонтано , обично најдобрите наши проекти се напраени во рок од пола саат.

Јавен настап. Те фаќа ли трема и анксиозност при секој јавен настап?

  • Секогаш имам позитивна трема и едвај чекам да се качам на бина да пееме сите у еден глас.

Кун ти е најдобар другар. Дали ова го прави професионалниот однос полесен или потежок?

  • Па со Kун се дружам околу 18 години , заедно правиме музика веќе 10 години уиграни сме и професионалниот однос ни е полесен.Меѓу нас нема его,секогаш еден попушта.

Лето ти буди какви спомени?

  • Јас сум роден во лето,обожавам лето и живеам за лето хаха.

Љубов. Како Тонито ја дефинира љубовта и дали е заљубен?

  • Љубовта е најголемата инспирација. И да, заљубен сум.

Музика…

  • е нешто што ме опушта и ме трга од сите лоши мисли и проблеми!

Надеж. Дали надежта последна умира?

  • Дефинитивно.

Њујорк. Би заминал ли во “Големото Јаболко” да ја продолжиш својата кариера доколку ти се создаде можност?

  • Не сум размислувал толку далеку, али секако дека да .

Омилени работи без кои не можеш да живееш?

  • Кафе и музика.

Политика. Колку те интересира?

  • Па искрено не многу, аmи сакам артистите во оваа држава да бидат попопуларни од политичарите.

Ривалство. Постои ли ривалство помеѓу колегите на македонската естрада?

  • Сега за сега не,за понатака не знам хаха

Спорт. Колку е важно да се спортува?

  • Најважно е да се спортува.

Трендови. Колку Тонито ги прати трендовите (модни, музички и сл)?

  • Премногу брзо се менува се , али пробувам да бидам во тек .

Ќе има ли уште нови проекти и настапи до крајот на месецот?

  • Во план ни е да пуштиме неколку песни до крајот на месецов али неможеме да ветиме ништо, имаме премногу работа и не знаеме дали ке стигнеме.Следен настап имаме во Тетово на 2 февруари.

Унивезум. Веруваш ли дека универзумот секогаш има план?

  • Да, за сите нас се кува некој план.

Фанови. Што ќе им порачаш на твоите фанови?

  • Да останат најјаки какви што се!

Храброст. Потребна ли е голема храброст за да се започне кариера во музика? Дали сета таа прожртвуваност се исплати на крајот?

  • Па не сум размислувал дали е потребна храброст затоа што се ни се случи спонтано,потребно е само труд , пот и сон за остварување и секогаш на крај се исплати.

Цигара. Порок или релаксирање?

  • Порок.

Човечност. Прашав погоре, ќе прашам уште еднаш. Ја среќаваш ли се` уште?

  • Да.

Џеб. Празен или полн?

  • Полн.

Што е следно од 2 Бона?

  • Следно од 2бона е песната со Слаткаристика каде ние му гостуваме.

 @left__h