Од А до Ш со Брајан Милошев – DJ Bryan

Познат како официјален DJ на 2 Бона, Брајан Милошев – DJ Bryan, верно ги поддржува на секој настап.

Веќе неколку години се занимава со диџејство, а вели дека не би го менувал за ништо на светот. Решивме да го запознаеме и одблизу.

Aмбиција. Колку е пресудна амбицијата за да се биде успешен на нашите простори?

  • Во нашава држава амбицијата и упорноста се нај пресудни од се останато, желбата да бидам подобар и да направам повеќе ме доведоа до ова што сум денес.

Боја која ти е омилена?

  • Црна

Вистина. Секогаш или дозволено е „подлажнуваме“ по малку?

  • Дозволено е, што би рекол јас за доброто на сите.

Гордост. Да или не?

  • Да.

Добрината постои ли уште во луѓето?

  • Постои дефинитивно највеќе во децата- деј хав пјур соул.

Ѓаволот е посилен само ако… дозволиш да влезе во тебе

Енергија. Каква енергија добиваш од фановите и луѓето околу себе? Со какви луѓе си опкружен?

  • Од фановите секохаш ја добивам нај позитивната енергија која ми е како водилка во кариерата, а луѓето околу мене т.е. тесниот круг се прецизно одбрани за успех во животот, ским си такав си.

Животот е…. еднократна приказна..

Заедно сме… посилни? Хахах

Ѕвездите за тебе се… небесни тела.

Идејата за соработка со Кун и Тони се роди….. кога бевме никој и ништо, буквално ми кажаа ние сме ракети еден ден ќе ни треба ДЈ.

Јавен настап. Те фаќа ли трема на настапите со 2 Бона знаејќи дека клубовите се секогаш полни?

  • Позитивна трема пред да се качам на бина секој пат, може да се опише како возбуда… и од моментот кога ќе се качам на бина влага во некој свој свет каде што нема простор за трема.

Каков совет ќе им дадеш на оние кои сакаат да бидат DJ-и?

  • Само напорна работа.

Лето ти буди какви спомени?

  • Најубавите… маичка, шорц и годинава се надевам на тур де еуропе.

Музика… 24/7

Надеж. Дали надежта последна умира?

  • Не умира.

Њујорк. Би заминал ли во „Големото Јаболко“ да ја продолжиш својата кариера доколку ти се создаде можност?

  • Секако дека да.

Омилени работи без кои не можеш да живееш?

  • Телефон, лаптоп, слушалки, и нови тетоважи.

Политика. Колку те интересира?

  • Воопшто не ме интересира.

Ривалство. Постои ли ривалство помеѓу колегите на македонската DJ сцена?

  • Па македонската сцена е многу многу мала и сме некои 5-6 дј-еи кои си конкурираме, но тоа е сосема позитивна работа која ни помага да станеме подобри и секако да си ја качиме цената.

Спорт. Колку е важно да се спортува?

  • Многу

Трендови. Колку Брајан ги прати трендовите (модни, музички и сл)?

  • Во тек сум со се секогаш, музиката ми е на прво место, секоја најнова песна морам да ја знам… потоа е технологијата и модата секако.

Ќе има ли уште нови настапи до крајот на месецот?

  • Секако дека да, агендата константно расте.

Универзум. Веруваш ли дека универзумот секогаш има план?

  • Можеби има нешто за кое сме родени, но плановите сами си ги кроиме.

Фанови. Што ќе им порачаш на твоите фанови?

  • Да веруваат највеќе во себе и својот сон.

Храброст. Потребна ли е голема храброст за да се започне ваква кариера? Дали сета таа пожртвуваност се исплати на крајот?

  • Потребно е преголема храброст посебно на нашиве простори каде мандатот на родителите најчесто е застанат во Југославија. Секако дека се исплати, напорната работа секогаш се исплати.

Цигара. Порок или релаксирање?

  • Најтежок порок.

Човечност. Ја среќаваш ли се` уште?

  • Да.

Џеб. Празен или полн?

  • Секогаш да биде полн.

Што е следно од DJ Bryan ?

  • Многу настапи нови миксови и проекти и посетување на места во кои никаде не сум бил.

@left__h