Наши фаци

Од А до Ш со Драган Величковски – Tyzee

Неговите песни имаат милионски прегледи на you tube и дефинитивно важи за еден од најпознатите македонски артисти, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

Tyzee не само што е големо име во музичка смисла, туку е и голем човек во правата смисла на зборот. За неговата музичка кариера може да се пишува до бескрај, но ајде да го запознаеме Tyzee и од еден друг агол.

Aмбиција. Колку е пресудна амбицијата за толкав успех, знаејќи колку е макотрпен патот до успех на нашите простори?

  • Патот е тежок и трнлив ,но Бог им ги дава најтешките битки на неговите најдобри борци. Мораш да бидеш амбициозен и да вложиш се од себе за она што навистина го сакаш во животот. Те чека многу борба,падови,патишта,луѓе,лаги и искуства, лошите нека бидат лекција а добрите нешто за кое што вреди да се живее.

Боја. Низ која боја Tyzee го гледа светот?

  • Жолта – Бојата на сонцето (Zee)

Вистина. Секогаш или дозволено е да “подлажнуваме” по малку?

  • Вистината не води кон мирот и слободата

Гордост. Да или не?

  • Да , треба да сме горди што сме родени на ова парче света земја

Добрината постои ли уште во луѓето?

  • Да, ја има во сите нас.Како што кажал Анштајн злото не постои тоа е само недостаток на добрина. Тоа е многу просто и едноставно, тоа се вибрации и што повеќе ги создаваме позитивните вибрации го надополнуваме тој недостаток за кој зборува чичко Алберт.

Ѓаволот е посилен само ако…

  • Само ако се лажеме

Енергија. Каква енергија добиваш од фановите и луѓето околу себе? Со какви луѓе си опкружен?

  • Виолетова (Индиго)

Имам прекрасен вајб од публиката на моите настапи. Таму има многу браќа и сестри со кои се дружиме, пееме, се сликаме и разговараме. Можам да кажам дека многу добро ја запознав нашата земја, нашиот менталитет и народ. Ние сме добри луѓе имаме сонце и на знамето и во химната и во срцата.

Животот е….

  • Животот е убав / La vita e bella

Заедно сме…

  • Заедно ако продолжиме вака сме пропаст за овој свет. Никогаш во историјата револуциите, групирањата, бутањето на диктатурите според мене не биле успешни, туку секогаш едни императори менуваме со други уште полоши,бидејки немаме сите исти цели и визии. Некои се борат за слобода а други само да ја преземат власта. Системот е ист /сличен само менува име. Самото тоа што живееме во некое помодерно време на современ глобален маркетинг не не прави ништо повеќе од робови на истиот тој систем. Ја сум за индвидуално подигање на свеста и отворање на хоризонтите на животот. Доколку сите го постигнеме тоа светот ќе биде поле за културен натпревар помеѓу народите…

Ѕвездите за тебе се…

  • Нешто што сакам суштински да го разберам .

Идеа. Како се раѓа идеа за нов проект и колкав е патот до негова реализација?

  • Извираат од мене многу мелодии и текстови.Веќе имам 20 видео записи и над 40 песни и се надоградувам и созревам како артист со секоја наредна ствар. Реакцијата на публиката прави да заборавиш на сите маки и проблеми во текот на организацијата и снимањето и така само добиваш мотивација за создавање на уште подобра музика.

Јавен настап. Те фаќа ли трема и анксиозност при секој јавен настап?

  • Имам нагон на повраќање пред големи концерти. Трема немам ,кога ќе се качам на бина чувствувам дека сум роден за тоа.Луѓето пеејки ги твоите песни во еден глас само ти го покажуваат патот по кој треба да чекориш.

Куманово. Твојот роден град. Кажи ни нешто за него?

  • Куманово е во моето срце.Тој менталитет,мелос,хумор,борба за подобро утре е нешто што го има во моите гени .Кокино е моето омилено место таму го наоѓам мирот .Тоа е мојот дом.

Лето. Може да заклучиме дека имаше едно исклучително успешно лето со многу нови синглови и настапи. Последно од тебе е неверојтаниот хит Pablo. Што ни спремаш за периодот што следи?

  • Навистина сум благодарен на сите луѓе што 8,9 години години ме следат, ја слушаат,споделуваат мојата музика.За секој настап и исепан рефрен во секој град во Македонија и надвор. Пабло ја продуцираше Алекс Фјаза млад продуцент од Шведска со кој работам на уште неколку песни а спотот го работеше El Fenomeno Даниел Јовески . Освежување на балканската сцена ,нешто поразлично од тоа што се сервира и убави реакции од целиот регион, веќе има 500.000 прегледи за еден месец на Јутјуб.Спремам многу нов материјал во моментов работам на две нови песни со спотови за Балкатон продукција од Србија ,се надевам дека ќе имаме нешто ново наскоро.

Љубов. Како Tyzee ја дефинира љубовта и дали е заљубен?

  • Нема дефиниција за љубовта џабе ја дефинираат,тоа е нешто што мораш да го почувствуваш на своја кожа.И секој ја доживува на свој начин и мисли дека неговата е посебна .Тоа е убавината на љубовта .Понекогаш треба и да те истресе од патики,ако сакаш да биде човек од тебе А к’д е мој љубаван живот у прашање моментално су ми лабави патичиња хахаха

Музика…

  • Музиката е нешто што може да го промени светот ,да го направи поубаво место за живеење и да го сплоти народот.Погледнете пример концерт на Боб Марли,Мајкл Џексон…Таму има толку многу раси,религии,класи,толку многу различности но сите заедно испраќаат една единствена и силна порака –Мир,Љубов и Слобода.

Надеж. Дали надежта последна умира?

  • We are told you to remember the idea not the man. Becouse a man can fail.He can be caught,he can be killed and forgotten. But hundred years later an idea can still change the wolrd.

Њујорк. Би заминал ли во “Големото Јаболко” да ја продолжиш својата кариера доколку ти се создаде можност?

  • Не сум по “Големи Јабуки” би сакал дел од животот да поминам во Барселона. Но никогаш не знаеме каде не носи животниот пат. И дома ми е убаво. Зависи какви ти се апетитите и задоволствата ,што бараш и што сакаш да постигнеш .

Омилени работи без кои не можеш да живееш?

  • О како опиум.Музиката е опиум за мојата душа,секој мој ден поминува со многу музика.

Политика. Колку те интересира?

  • Не ме интересира политика тоа е алатка за поделба на народот, но ме интересира секоја неправда врз тој народ. Ние сме добри луѓе тие вакви не направија, брат со брат да корне очи и илјадници мајки да ги испраќаат своите деца што подалеку од своите домови. Ќе дојдат поубави времиња верувајте, само многу сме гласни на твитер а многу тивки на улица за било кој проблем,тоа е проблемот…

Ривалство. Постои ли ривалство помеѓу колегите на македонската естрада?

  • Јас не чувствувам ривалитет и од мене имаат само респект сите кои се занимаваат со уметност посебно со музика. Јас сум голем фан на Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Супер Хикс, Ареа, Дани, Каролина, Лозано и многу нови бендови и артисти Дупер и Фанк Шуи се прејаки и вистинско освежување.

Спорт. Беше дел од младинската кошаркарска репрезентација. Какви спомени ти буди тој период од животот?

  • Да носам дрес од нашата репрезентација и да свири македонската химна на Европско првенство е нешто што го сонував како мал. За мене тоа беше исполнување на сонот. Се сеќавам на тие насолзени очи и морници по телото. Дел од тие момци беа дел од сениорската репрезентација која освои 4то место на Европското првенство во Литванија 2011-та. Горд сум на тие браќа…

Трендови. Колку Tyzee ги прати трендовите (модни, музички и сл)?

  • Сакам да сум свој и укикатен и во музиката и во стајлингот. Не копирам никој, оставам свој печат и покажувам дека не мора да биде брендирано и скапо за да изгледа и звучи јако…

Ќе има ли уште нови проекти до крајот на оваа 2018?

  • Не брзам, работам на многу нови проекти се надевам дека ќе излезат квалитетни дела

Универзум. Веруваш ли дека универзумот секогаш има план?

  • Се восхитувам на таа божја креација. Ја има во нашите очи…

Фанови. Што ќе им порачаш на твоите фанови?

  • Сум им го кажал ова неколку пати Јас не сум најдобриот пејач, но ја имам најдобрата публика. Моите фанови се од сите генерации и тоа е благослов. Во песните опевам љубов, слобода, се борам за вистински вредности, за подобро утре, за револуција на свеста и се чувствувам како лидер на една генерација која се бори и има слична визија како мојата.

Храброст. Потребна ли е голема храброст за да се започне кариера во музика? Дали сета таа прожртвуваност се исплати на крајот?

  • Па кога ќе се вратам назад од Моментот, Екскјуз ми ,Џабе, Живеам за себе, Дома си е дома, Гласот на народот, Револуција, Мој живот моја ствар, па и Пабло како и многу други нови текстови и видеа кои чекаат да бидат објавени треба да си храбар без влакна на јазик да опееш,иронично да изразиш револт кон неправдата која ја живееме. Понекогаш и погрешно разбран од луѓето бидејки тешко им е да веруваат на искрен човек од толку многу маски околу нив.Но вистината е патот кон успехот.

Цигара. Порок или релаксирање?

  • Порок, а кога сме кај релаксација – Јас сум за легализација или барем декриминализација на марихуана. Кога више го утепавте народов во секоја смисла на зборот – дајте му бар нека се надува хахахаха

Човечност. Прашав погоре, ќе прашам уште еднаш. Ја среќаваш ли се уште?

  • Понекогаш мораш да седнеш на ручек и со ѓаволот…За искушение Среќавам секакви видови на луѓе и енергии.Со некои се гушкам,смеам,играм,пеам а со други ми паѓа притисок и ме боли глава…

Џеб. Празен или полн?

  • Ми фали времето на полни џебови цреши…

Шапка. Често шапките се додаток на твојот имиџ и успешно ги комбинираш со остатокот на гардеробата. Дали токму тие се твојот омилен моден детал?

  • Да. Обожавам шешири

Left Hand 

Најнови информации

To Top