Од А до Ш со Ирина Цоневска – Inna Nameless Tattoo

Ина е една од најпопуларните тату артисти во Скопје. Покрај тетовирање, се занимава со сликање, везење, а дипломираше на факлутетот за архитектура.

Во Скопје ќе ја најдете во Nameless Tattoo, а на инстаграм често во друштво со своето кученце Рико. Ина често патува низ светот како артист гостин на други артисти, а неодамна за првпат нејзините илустрациии се појавија во детската книга “Дружината на борот”. Да ја запознаеме Ина малку повеќе.

Aмбиција. Колку е пресудна амбицијата за да се биде успешна во ваква професија имајќи го во предвид менталитетот на нашиот народ?

  • Во секоја работа треба да се има амбиција за да се биде успешен во работата и среќен во животот, а во врска со менталитетот на нашиот народ, не може да судиме општо земено, има луѓе кои сакаат тетоважи или не / и тоа нема врска со потеклото на човекот.

Боја. Низ која боја Ина го гледа светот?

  • Низ розева. Слепо/оптимистична, секогаш-среќна бебешко розева боја.

Вистина. Секогаш или дозволено е да “подлажнуваме” по малку?

  • Никогаш не поддржувам лажење, лично не знам да лажам, но некогаш некои работи се подобро
    да останат некажани.

Гордост. Да или не?

Да треба да изберам меѓу црно и бело, попрво не би била.

Добрината постои ли уште во луѓето?

  • Постои.

Ѓаволот е посилен само ако…

  • веруваме дека постои.

Енергија. Каква енергија добиваш од луѓето што се тетовираат кај тебе? Со какви луѓе си опкружена?

  • Секој човек за себе, но најчесто си одам од работа среќна и исполнета. Покрај клиентите, луѓето кои се покрај мене кои можам да ги одберам – се малку, но квалитетни.

Животот е….

  • Lion King на касета , првиот одмор во Охрид со другарките , летни вечери во парк и сите мали нешта помеѓу работа и спиење.

Заедно сме…

  • под истото сонце или во истата дупка, зависи на каде гледаме.

Ѕвездите за тебе се…

  • Убави за гледање, не толку важен фактор во мојот живот.

Идеја. Како се раѓа идеја за нова тетоважа и колку тетоважи имаш на себе?

  • Обично идеите ми доаѓаат спонтано, повеќе се раѓаат кризи за тетовирање од време на време. Не
    знам колку имам, не знам како се рачунаат.

Јунак од детството?

  • Матилда и нејзините моќи да поместува предмети со очите.

Лето ти буди какви спомени?

  • Најубави. Да можам да се вратам на сите лета до сега не би сменила ништо, само би ги проживеала два пати.

Љубов. Како Ина ја дефинира љубовта и дали е заљубена?

  • Заљубена сум најмногу. Не знам колку може да се одговори нај-не-cheesy прашањево ама љубовта ја замислувам како кога е пролет и си возиш на Партизанска со спуштени прозори и ќе ти се пушти омилената песна на радио.

Музика…

  • Секогаш.

Надеж. Дали надежта последна умира?

  • Sure.

Њујорк. Би заминала ли во “Големото Јаболко” да ја продолжиш својата кариера доколку ти се
создаде можност?

  • Би отишла на guestspot. За да останам засекогаш – не баш. Зградите се премногу високи.

Омилени работи без кои не можеш да живееш?

  • Кафе, Рико, телефон, прибор за цртање / по тој редослед.

Политика. Колку те интересира?

  • Доволно за да бидам свесна за околината во која растам. Не доволно за да ми создава нервоза и
    анксиозност.

Ривалство. Постои ли ривалство помеѓу тату артистистите , како во Namless Tattoo, така и во Македонија воопшто?

  • Ривалство не, се почитуваме како колеги помеѓу себе, но има конкуренција која е здрава и не прави подобри.

Спорт. Колку е важно да се спортува?

  • Најмногу.

Трендови, табуа, тетоважи. Колку Ина ги прати трендовите (модни, музички, за тетовирање и сл)?
Дали и колку тетоважа кај нас е табу тема?

  • Не сакам да бидам само слеп следач на трендови, но се интересирам за нови работи и ги почитувам оние кои сметам дека се квалитетни. Тетоважите веќе излегуваат од кругот на табу муабети, но се уште не се толку општоприфатени за да се ценат како уметност.

Ќе има ли уште многу соработки во странство до крајот на 2019?

  • Се надевам. Сакам да патувам, се додека имам каде да се вратам.

Унивезум. Веруваш ли дека универзумот секогаш има план?

  • Јас имам план, а универзумот ми има дадено рок на траење.

Фанови. Што ќе им порачаш на фановите на тетоважи кои ги обожаваат, а немаат храброст да се истетовираат?

  • Да се истетовираат кога ќе соберат храброст, и да не се форсираат, на крајот од денот тоа го правиме за себе.

Храброст. Потребна ли е голема храброст за да се започне кариера во тетовирање?

  • Да, но премногу храброст и не е добра, подобро да ти е страв на почетокот него да направиш многу грешки на туѓа кожа.

Цигара. Порок или релаксирање?

  • Ужасен порок. За релаксација, музика, вино и некое мезе.

Човечност. Прашав погоре, ќе прашам уште еднаш. Ја среќаваш ли се` уште?

  • Секој ден.

Џеб. Празен или полн?

  • Мојот како дупнат да е.

Што е следно од Ина?

  • I don’t even have a pla.