Од А до Ш со Марио Јелиќ -Кун

2 Бона газат се пред себе. Вадат хит секој месец, имат гледаност на You Tube на која можат да им подзавидат и попознати пејачи од македонската естрада, а публиката просто ги обожава. Решивме да го запознаеме малку повеќе ,,повисокиот Бон’’- Марио Јелиќ-Кун.

Aмбиција. Колку е пресудна амбицијата за толкав успех, знаејќи колку е макотрпен патот до успех на нашите простори?

  • Мора да се има големи амбиции, визија и самодоверба, неоткажувањето секогаш гарантира со успех.

Боја. Низ која боја Марио го гледа светот?

  • Зелена, како природата.

Вистина. Секогаш или дозволено е да “подлажнуваме” по малку?

  • Никогаш, најдобро е да си искрен, единствено може да подлажнуваме за пријатни изненадувања.

Гордост. Да или не?

  • Да и не.

Добрината постои ли уште во луѓето?

  • Секогаш.

Ѓаволот е посилен само ако…

  • Го извадите од нас.

Енергија. Каква енергија добиваш од фановите и луѓето околу себе? Со какви луѓе си опкружен?

  • Од фановите е најсилната енергија затоа што е чиста љубов, а опркружен сум со луѓе кои носат само позитивна енергија и позитивен вајб.

Животот е….

  • Песна.

Заедно сме…

  • Посилни и посигурни.

Ѕвездите за тебе се…

  • Мерак за очи..

Идеја. Како се раѓа идеа за нов проект и колкав е патот до негова реализација?

  • Кај нас идејата е pure талент, правиме песни од шала колку што правиме песни од срце, доволно е да ме погоди добар инструментал и веќе знам што со него.

Јавен настап. Те фаќа ли трема и анксиозност при секој јавен настап?

  • Не, тоа го нема веќе одамна, сега ми е чисто задоволство и чест.

Кун.Од каде потекнува прекарот?

  • Тоа е многу многу одамна, КУН е алтер егото во артистичкиот дел на Марио, прекар кој ми остана од почетоците со музиката. Имаше екипа у маало, 3сет, кои ни ја дадоа првата шанса у студио и да како тоа се прави, а многу близок пријател од таа екипа ми го даде тој прекар, не знам зашто и не знам како. Тогаш бев KUN BEATS, правев само битови, всушност требаше да биде KING BEATS, ама ќе беше премногу клише, па си остана само КУН.

Лето ти буди какви спомени?

  • МОКРИ.

Љубов. Како Марио ја дефинира љубовта и дали е заљубен?

  • Не знам што да одговорам на ова и не знам како да ја дефинирам, верувам дека тоа е некаква чудно пријатна енергија помеѓу две личности.

Музика…

  • Живот-секојдневие-мотив.

Надеж. Дали надежта последна умира?

  • Да.

Њујорк. Би заминал ли во “Големото Јаболко” да ја продолжиш својата кариера доколку ти се создаде можност?

  • Без да трепнам,да.

Омилени работи без кои не можеш да живееш?

  • Правење музика, дружење со најблиските.

Политика. Колку те интересира?

  • Ич.

Ривалство. Постои ли ривалство помеѓу колегите на македонската естрада?

  • Да, ако нема ривалство не е интересно.

Спорт. Колку е важно да се спортува?

  • Многу, трошете ја негативната енергија преку спортување.

Трендови. Колку Кун ги прати трендовите (модни, музички и сл)?

  • Па пратам не дека не, ама не сум опседнат со тоа и не пратам нешто премногу.

Ќе има ли уште нови проекти и настапи до крајот на месецот?

  • YES.

Унивезум. Веруваш ли дека универзумот секогаш има план?

  • Не.

Фанови. Што ќе им порачаш на твоите фанови?

  • Да бидат храбри и да не се плашат од ништо, се` што сте замислиле може да се оствари ако сте посветени на тоа.

Храброст. Потребна ли е голема храброст за да се започне кариера во музика? Дали сета таа прожртвуваност се исплати на крајот?

  • Потребна е најголема храброст, ако не сте храбри едноставно и не влегувајте во ова и да, се исплати на крајот многу.

Цигара. Порок или релаксирање?

  • И двете.

Човечност. Прашав погоре, ќе прашам уште еднаш. Ја среќаваш ли се` уште?

  • Да, иако многу ретка.

Џеб. Празен или полн?

  • Loading…

Што е следно од 2 Бона?

  • МЕГА ДУЕТ-МЕГА ХИТ.

@left__h