Од бајат леб направете свеж: Пробајте го овој трик

Денес луѓето се повеќе купуваат сечен и пакуван леб бидејќи имаат продолжена трајност, но и понатаму има такви кои го сакаат добриот, стар и обичен леб.

Тој брзо се суши, се рони, а го губи и својот вкус. Но, постои еден прекрасен трик со кој лебот ќе изгледа како сега да е купен:

Доколку користите обичен леб испрскајте го со вода, а доколку користите багет или леб со некои премаз ставете го под вода. Важно е кората добро да се натопи, но и средината може да биде влажна.

Добро замотајте го лебот во алуминиумска фолија и загревајте го 10-12 минути.

Доколку имате пола леб, доволно е 10 минути, но ако е цел држете го во рерна барем 12 минути.

Кога ќе го извадите од рерна, тргнете ја фолијата и притиснете да видите колку е мек. За уште подобар вкус, вратете го лебот без фолија на уште 4-5 минути во рерна.