ОД МИНАТАТА СЕЗОНА: Мартинијан е најбаран, Филип Пецовски растура на Youtube!

Ексклузивно, од извори блиски до Јунајтед Груп, новите сопственици на продукцијата „Гранд“, дознаваме дека на листата на успешни артисти е збогатена со имињата Мартинијан Кириловски и Филип Пецовски.

Од сите Македонци кои земаа учество во сезоната 2018/2019 се издвојуваат само Мартинијан Кириловски, за кого во дискотеките за бара билет повеќе, и Филип Пецовски кој со својата прва песна веќе брои повеќе од милион и половина прегледи.

Воедно, нашите извори не брифираа дека новите сопственици на продукцијата ќе се повикаат на спорен член од 9 годишниот договор кои го потпишуваат кандидатите во последните кругови на „Ѕвездите на Гранд“ и ќе ги отстранат артистите кои не им носат добра заработка.

Во меѓувреме ве потсетуваме дека нова аудиција во Скопје за „Ѕвездите на Гранд“ се очекува да се реализира во првата недела од месец јуни.