ОХРИД: Пренос во живо од Водици 2018

Чествувањата по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе започнат утрово со златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско со почеток во 08:00 часот.

Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник.

Во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши големиот богојавленски водосвет и ќе се фрли крстот во осветените езерски води.

Одбележувањето на празникот Водици во Охрид, што се одржува во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“ во организација на локалната самоуправа, следете го во живо на OhridNews: