Ова мора секоја жена да го знае: Вагиналните инфекции можете да ги излечите и по природен пат!

Вагиналната габична инфекција е многу упорен здравствен проблем кој влијае на голем број жени и се јавува како резултат на употребата на антибиотици, носење влажни костуми за капење во текот на летото, но и користење агресивни средства за интимна нега.

Најчеста инфекција е кандидија, тип на габа која предизвикува инфекции на кожата, ноктите и вагината, воспаление во уринарниот тракт, како и проблеми со варењето и замор.

Симптомите на вагинална инфекција вклучуваат чешање, непријатно чувство, густа и изобилна бела секреција, црвенило на мукозната мембрана и оток. Оваа инфекција влијае на повеќе од 75 проценти од жените.

Што допринесува за развој на инфекцијата?

– Земање на антибиотици кои ја нарушуваат рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии и pH вредноста на слузокожата.

– Исхрана богата со јаглерод хидрати, со кои габата се храни.

– Консумирање на алкохол кој во процесот на варење се претвора во шеќер и ја храни габата.

– Стресен живот и недоволно сон.

– Носење на влажен костум за капење бидејќи габата во влажна околина се размножува.

– Нередовна исхрана и консумирање кисела храна

– Носење на тесна облека.

– Секојдневно користење на дневни влошки и тампони

– Бременост и дијабетес

– Перење на гаќите на температура пониска од 60 степени.

За среќа постојат и природни лекови за решавање на овие проблеми. Еве неколку:

Две до три инфекции во една година не се причина за загриженост, но ако почесто се јавуваат, тогаш природните лекови не се доволни за помош и потребен е преглед од доктор, со што ќе се утврди причината за слабиот имунитет.

Зголемениот внес на лук делува како природен лек против габи и бактерии, поради сулфурни гликозиди, витамини и масла. Лукот може да се стави директно во вагината, така што ќе го пресечете и ставите во чистата газа, како што е тампонот, а потоа се става во вагината. Бидете сигурни дека дел од газата останува надвор од вагината, за да може полесно да се извади. Ако има чувство на интензивно горење, извадете го лукот. Терапијата треба да се спроведе се додека симптомите не престанат.

Јогурт и разни пробиотици се сојузници на добри бактерии и затоа се непријатели на габи. Пијте околу половина литар јогурт дневно кога станува збор за габи. Може да го намали чешањето и црвенилото ако го нанесувате директно на зафатената мукозна мембрана. Оставете десет минути и потоа исплакнете со вода.

Есенцијалните масла од тревна треска, односно кантарионово и чајно дрво можат да помогнат во контрола на габите, но на ист начин треба да се води сметка за квалитетот и количеството на масло за да се избегне алергиска реакција. Можете да испуштите неколку капки специјализирано масло на тампон и да го ставите во вагината. Уште поедноставно решение е растителни вагиналети кои се купуваат во аптеките.

Натриум бикарбонот ќе ја забрза алкалната состојба на организмот, при што поголеми се шансите да се размножат габите. Можете да подготвите мешавина од два литри зовриена вода со две лажички сода бикарбона и плакнете ја вагината секојдневно, освен за време на менструацијата.

Чистото природно масло од кантарион е многу успешно во долготрајниот третман на габите. Ставете мала количина на масло на чинија и малку впијте тенок тампон. Самиот тампон не смее да се потопува. Менувајте го тампонот и повторувајте додека симптомите не исчезнат.