Пет одлики на токсични луѓе: Препознајте ги за 5 минути!

Постојат луѓе кои нас емотивно не исцрпуваат, а нивните особини во главно можеме да ги препознаеме во првите пет минути, ако знаеме на што да обрнеме внимание.

Сигурно знаете некоја личност која ја црпи цела енергија од вас и ја спречува вашата креативност, односно, не ви дозволува да бидете свои. Ако чувствувате дека во друштво на некого се гушите, тоа е предупредување дека се работи за токсична личност, енергетски и емотивен „вампир“.

Ако имаат некој од следниве карактеристики, имате работа со токсична личност:

  1. Сакаат да оговараат

Ако некого само што сте го запознале, а таа личност во првите пет минути веќе оговара, бидете внимателни бидејќи сигурно нема да се вознемирува доколку шири трачеви и за вас. Подобро е да се држите подалеку од вакви личности.

  1. Често се жалат

Јадењето секогаш им е пресолено, музиката е прегласна, времето е лошо, колегите ги нервираат, секогаш некој или нешто е неправедно спрема нив – никој не е секогаш задоволен, но ако некој во првите пет минути се жали на цел свет, сигурно нема да ви донесе нешто добро.

  1. Очекуваат посебен третман

Токсичните личности често се гледаат над луѓето од својата околина, и така сакаат другите да се однесуваат спрема нив. Луѓето кои очекуваат посебен третман се прилично напорни, и подобро е да ги избегнувате.

  1. Вие не ги интересирате

Секоја реченица им започнува со јас? – Залудно очекувате нешто да ве прашаат затоа што вие не ги интересирате, тие мислат исклучиво само на себе и воопшто не го заслужуваат вашето друштво.

  1. Се чувствувате лошо поради нив

Постојат луѓе од кои едноставно имаме лошо чувство во желудникот, кога се со нас во друштво како секогаш да ни предизвикуваат чувство на вина.

Во такви случаи најдобро е да ја слушате интуицијата – не трошете време на такви лица ако не морате.