По петти пат: Даниел го фати Светиот крст во Скопје

Денеска во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје учествуваа 150 луѓе, информира Скопската епархија.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар беше напладне од мостот кај Министерството за надворешни работи и го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,  г.г. Стефан.

Оваа година најсреќен и најбрз беше Даниел Дончевски.