Победете ја главоболката со еден потег

Маслото од лаванда влијае одлично на намалување на анксиозноста, откриле истражувачите.

Чистото масло од лаванда е едно од најубавите етерични масла, но исто така е и едно од најмоќните.

Научниците од Флорида дошле до заклучок дека маслото од лаванда ја намалува депресијата, го решава проблемот со несоница и им помага на оние кои имаат проблеми со главоболка, промени во расположението и синусите.

Еве еден корисен пијалок од ова масло.

Состојки:

– Сок од 4 лимони

– капка есенцијално масло од лаванда,

– 1 лажичка сушени цветови од лаванда

– 7 чаши топла вода

– ¾ чаша мед

Подготовка:

Ставете четири чаши вода да се топли, кога ќе почне да врие водата отстранете ја од оган и ставете ги сувите цветови од лаванда. Кога ќе остине малку ставете го и медот. Поклопете го со капак и оставете го да стои пола час.

Потоа процедете ја водата, па додадете го лимонот, остатокот од водата и капката есенцијално масло од лаванда и добро измешајте.