Балкан

Погледнете колку Раста ќе плаќа за ќерката по разводот со Ана Николиќ

Пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Раста одлучиле да стават крај на бракот, па посетиле адвокат за да се договорат околу разводот, пишува „Свет“.

Како што пренесува порталот, парот претходната недела ја посетила адвокатската канцеларија на Боривој Боровиќ и се договориле околу деталите за разводот.

„Успеа да се договорат за разводот, така што на Ана ќе и биде препишано целото старателство над ќерката Тара“, вели извор за „Свет“.

„Иако се шпекулираше дека ќе имаат проблеми околу имотот, сепак тие успеа да се договорат куќата која ја изградија заедно да и припадне на Тара кога ќе порасне. Ана не сакаше пари од Раста, само алиментација. Таа сакаше самиот Раста да одлучи колку пари ќе може да дава. Кога тој предложи да дава 2000 евра месечно, Ана не се противеше. Раста само бараше да ја гледа Тара кога ќе посака, а Николиќ не се спротивстави на тоа“, открива изворот.

Најнови информации

To Top