ПОЛНО СРЦЕ ЉУБОВ: Филип Пешевски со одличен настап на хуманитарен концерт

22-годишниот македонски пејач Филип Пешевски имаше одличен настап на хуманитарниот концерт со наслов „Сакај, дарувај и другарувај“, а со тоа го освои и срцето на присутната публика.

Како потсетување, младиот пејач кој е дел од музичкиот состав „Арија Бенд“ на еден ден пред Денот на виното и љубовта ја промовираше својата нова песна насловена како Крај мене во бело си заедно со видеозапис.

Во продолжение погледнете го новиот спот на Филип Пешевски.