Посебен режим на сообраќај поради верскиот празник Водици

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2018), сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

На 19.01.2018 година во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“ до бул.„Кочо Рацин“.

Во општина Ѓорче Петров од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански Одреди“, десно по ул.„Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.