Позајмените 150 евра стануваат долг од 1.500: Вака функционираат лихварите

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград, во координација со своите колеги од Ниш, брзо и ефикасно го пронашле С. М. (32) од селото Извор кај Пирот, откако бил киднапиран поради долг.

Според тамошните медиуми, уапсените Ж.А. (36) и М.К. (22) од село Бериловац и Д.Н. (53) од село Извор со киднапираното лице биле уапсени откако биле застанати од сообраќајната полиција во Ниш.

Полицијата ги застанала на наплатна рампа кај мотел „Наис“, а го препознала и киднапираниот по описот даден во полиција.

Извор близок до киднапираниот С.М. истакнал дека тој престојувал во населбата Крњача во Белград, каде работел. Тој позајмил 150 евра, но со оглед на тоа дека не го исплатил долгот на време, тој се зголемил на дури 1.500 евра, па затоа лихварите дошле до кај него и го киднапирале со надеж дека ќе ги извлечат парите од неговото семејство.