Познатата банана диета: Намалете 5 килограми за само една недела!

Ова е приказна на Јапонецот Ватанабе кој со помош на оваа диета успеал да изгуби 18 килограми за 2 месеци.

Зошто оваа диета е популарна? Ватанабе тврди дека за губењето на тежината потребно е да го замените вообичаениот појадок со банана со млака вода.

Хитоши Ватанабе вели дека комбинацијата на банана со вода на собна температура доведува до забрзување на метаболизмот, затоа човекот кој се придржува на оваа диета, за ручек и вечера може да јаде што ќе посака, но и понатаму ќе губи килограми.

Исто така, незрелите банани содржат отпорен скроб поради кој се чувствуваме сити. Како резултат, процесот на согорување на мастите е уште поинтензивен, 30% побрзо отколку со помош на традиционален метод. А водата на собна температура го подобрува варењето, а го смалува и чувството на глад.

Правила за утринска банана диета:

Појадокот е сочинет само од банана и вода. Можете да изедете една голема или 2 банани со средна големина.

Ручек и вечера: сите останати оброци се вообичаени. Сепак, препорачливо е да се придржувате до неколку едноставни правила кои ќе ви помогнат.

Никогаш не јадете до потполна ситост. Најдобро е да станувате од маса со чувство дека отприлика пола желудник ви е слободен.

Вечерајте најкасно до 20:00 часот. Ако почувствувате глад по вечерата, изедете некое овошје или мусли со јогурт.

За време на ручекот и вечерата исклучете ги десертите. Ако сакате да изедете нешто слатко, јадете овошје.