Познато со колку промили алкохол во крвта возел Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопат додека возел кон Белград, бил во алкохолизирана состојба. По направената анализа во неговата крв биле откриени 1,39 промили алкохол.

Дарко за време на несреќата го немал ставено ниту неговиот безбедносен појас, а од 2013 година возел без возачка дозвола. Тогаш му била одземена поради одземените 18 негативни поени.

Лазиќ вчера беше ставен во вештачка кома, а поради сериозните повреди, лекарите ја одложија операцијата.

Во болницата „Земун“ во Белград стигнаа неговите родители, најблиските, пријателите и колеги.

Во болницата стигна и неговата поранешна сорпуга Ана Севиќ, која им даваше поддршка на родителите на Дарко. Мајката Бранка и таткото Милан биле шокирани од целата ситуација, а солзи можеа да се забележат и кај Севиќ која постојано била пред собата во која лежи Лазиќ.