Премиерот без имунитет, ќе има истрага за незаконските субвенции

Чешкиот парламент одлучи дека нема да има имунитет за премиерот Андреј Бабиш, и тој ќе одговара за тоа што е обвинет,

Со ова му се овозможува на Обвинителството да спроведе истрага за сомнежите дека Бабиш незаконски примал субвенции од Европската унија.

Заради оваа истрага Бабиш не можеше да формира Влада, бидејќи опозицијата не сакаше да го поддржи додека не биде разјаснето ова обвинение.