Препораки за патници кои доаѓаат од ризичните земји за Ковид-19 или биле во контакт со заразено лице

За сите патници (возрасни и деца) кои доаѓаат од ризичните земји на СOVID-19, согласно препораките на Комисијата за заразни болести при МЗ и Владата на Република Македонија, се препорачува домашна изолација во траење од 14 дена од денот на
влегувањето во Република Северна Македонија.

За контактите на потврден случај со СOVID-19, ДСЗИ издаде решенија за здравствен надзор и домашна изолација.

Домашната изолација подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на

14 дена:
❖ престој во посебна просторија (по можност),
❖ задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),
❖ самопроверка – мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,
❖ комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,
❖ зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и
одржување на личната и општата хигиена во домот,
❖ зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето
во домашна изолација,
❖ редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,
❖ возрасните да не одат на работа,
❖ децата да не посетуваат настава и предучилишни установи.

Доколку се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица,
отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето да се
јави во Службата “Ало докторе”:

o ЦЈЗ Битола 071 261 330
o ЦЈЗ Велес 071 219 278
o ПЕ Гевгелија 078 545 444
o ЦЈЗ Кочани 071 373 913
o ЦЈЗ Куманово 070 215 851
o ЦЈЗ Охрид 070 723 029
o ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
o ЦЈЗ Скопје 071 289 614
o ЦЈЗ Струмица 072 235 543
o ЦЈЗ Тетово 075 240 464
o ПЕ Гостивар 076 365 161
o ЦЈЗ Штип 078 365 613
o ИЈЗ Скопје 078 387 194
o ЗД “Ало докторе” 02/15 123