Преубавата ќерка на Есма Реџепова влегува во „Задруга 3“?

Мега популарното реалното шоу „Задруга 3“ почнува на 6 септември и иако дел од имињата на идните учесници се крие во строга тајност, позната е информацијата дека на листата се наоѓа и ќерката на познатата кралица на ромската музика Есма Реџепова.

Преубавата Елеонора Мустафовска (28) пред само неколку месеци вплови во музичките води и го објави својот прв сингл, а на естрадната сцена е позната по уметничкото име Малиша.

Таа на прашањето за учество во реалното шоу поради ригорозниот договор останала мистериозна, но открила што ви можеле луѓето да очекуваат од неа кога би се нашла во ваков формат.

„Реалното шоу е одличен маркетиншки потег. Луѓето ќе запознаат искрена, директна и своја Малиша, која знае што сака во животот“, вели таа.

Малиша ја објави и својата втора по ред песна со назив „Аморцито“, песната е во латино стил, а бидејќи Балканците се народ со врела крв младата пејачка направила полн погодок.