Пристигна новиот дизајн на Фејсбук

Од социјалната мрежа Фејсбук стигнува новитет. Според најавите на службените страници, новиот дизајн од сега ќе започне да се покажува кај сите корисници.

Тие нагласуваат дека новиот дизајн е модерен и едноставен, а овозможен е и брз пристап кон видео содржините, игрите и групите.

„Изградивме нови функции, ја оптимизиравме страницата за нови уреди и оперативни системи ги прилагодивме на стотици јазици. Неодамна се фокусиравме на мобилното искуство на Фејсбук и сфативме дека нашата работна површина заостанува. Така, работевме на терен, поминавме месеци разговарајќи со луѓето за тоа како можеме да ги подобриме нивните веб-искуства. Сега сме воодушевени што обезбедивме нов изглед на страницата“, наведуваат од Фејсбук.

Најголемата новост е додавање на темниот режим, односно темна позадина на страницата. Воведувањето на темниот режим е во согласност со трендот што се случува во мобилниот свет, каде се повеќе апликации се префрлаат на потемен изглед, за да се направи поудобно да пребарувате во темни простори.

Иако официјално беше промовиран, новиот дизајн нема да се појави кај сите корисници во исто време, туку постепено ќе се шири.