Наши фаци

ПУКНА ТИКВАТА: Пејачот Стефан Величковски го напуштил „Дипломатик Бенд“

Македонскиот пејач Стефан Величковски повеќе не е дел од музичката група „Дипломатик Бенд“.

Имено, извор близок до популарниот македонски бенд кој инсистира на анонимност, ни откри дека во неделата (28 октомври) по завршувањето на настапот, пејачот Стефан Величковски го собрал бендот и им соопштил дека повеќе не сака да настапува со нив.

Неофицијално, според исказот на нашиот извор, причината за неговото заминување по речиси 5 години поминати заедно и одржани повеќе од 500 настапи ширум Македонија, биле несогласувањата околу развојот на музичкиот состав.

Одговор побаравме од Величковски, тој одговори на нашиот телефонски повик и кратко прокоментира за скандалот.

– Не е точно дека имало било каква расправија. Ние одлично се согласуваме и ќе останеме пријатели и понатаму. Одлучив дека е време да направам промена и да почнам нешто ново, тоа е единствената причина, вели Величковски.

Какви се неговите следни планови и што е тоа ново кое се подготвува во неговата кариера останува да дознаеме во наредниот период.

Најнови информации

To Top