Пуштени првите реклами – Вип станува А1 во септември!

Телекомуникацискиот оператор кој во 2007 година ја започна својата приказна како „Вип оператор“ во Македонија и предизвика драстичен пад на цените за мобилни услуги, во септември добива ново име и бренд – А1.

Сите оператори кои се дел од А1 Телеком Австрија групацијата оваа есен ќе функционираат под еден бренд – А1, а во низата последни за промена се македонскиот Вип и српскиот Вип Мобиле.

Какви изненадувања ќе донесе А1 на македонскиот пазар, останува за дознаеме во наредните денови.