Актуелно

Путин се огласи за ситуацијата во Македонија- еве што Русија им порача на САД и ЕУ

Руското Министерство за надворешни наведува дека Соединетите американски држави ја притискаат опозицијата во Македонија, за да ја вовлечат земјата во НАТО. 

Велат дека таквото мешање е недопустливо и ги преминува сите можни граници.

На веб страницата на руското МНР,  е објавен коментар на министерството околу странското мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Врз опозициските пратеници се истури бура од повици со препорака да не се пропушта историската шанса, како и дека има различни бонуси за вистинскиот избор. Конкретно, заменик државниот секретар, Вес Мичел, во објавеното писмо до лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, без задршки му диктира како треба да се однесува“, пишува во коментарот на руското МНР.

Целта да се вовлече Македонија во НАТО треба да се постигне по секоја цена, пишува руското МНР.

Според Москва, во прашање е најгрубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје.

Најнови информации

To Top