Раде Младеновски го промовираше своето првенче

„Три сина“ е песната првенче на Раде Младеновски, која заедно со спот беше промовирана во средата.

Моќниот текст за оваа печалбарска песна, која досега никого не остави рамнодушен од прво слушање, е дело на Бранко Николовски и Томислав Коцевски , а музиката и аранжманот се на Златко Миладиноски. Се снимаше во студио „Анастасија“ кај Љупчо Павлоски, додека приказната на песната во видео издание ја спакува тимот на „Арт продукција“.

„Три сина“ е народна печалбарска песна каде е опеана тажната судбина на многу печалбари. Станува збор за емотивна песна која се очекува да допре до сите љубители на убавата македонска народна песна, во изведба на млад, но искусен пејач, добро познат на сите кои ја следат народната музичка сцена.